ВМРО-ДПМНЕ ја прифаќа идејата за седница на Собранието за поплавите
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ се приклучува на идејата за одржување седница на Собранието на Република Македонија, со цел да ги разгледаме можностите како дополнително да се помогне и да ги дознаеме од прва рака сите активности и заклучоци што владините институции ги преземале за помш на граѓаните во поплавените скопски подрачја, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНМЕ е добро запознаена со состојбата на терен, затоа што, како што рече, секојдневно поголема група пратеници се на терен директно во куќите, помагаат на луѓето и ја знаат маката на луѓето и целата загуба.
- Жално е тоа што се загубија 22 животи а другите работи можат и да се поправат и да се исправат и да обесштетат и да се помогне од страна на државните институции, рече Димовски.
Апелираше до сите пратенички групи да не се злоупотребува собраниската седница за добивање политички поени, туку да се покаже солидарност.
- Седницата на Собранието да не биде злоупотребена за ситни политички препирки или подместувања, заради тоа што на Република Македонија и на граѓаните во овој момент апсолутно не им е потребна дневна политика туку им е потребна помош за справување со последиците од оваа катастрофална непогода која ја погоди општина Гази Баба, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Одговорноста која што ја носиме како поединци, додаде тој, е многу голема и не смееме политичкото неединство да го рефлектираме и во една ваква вонредна состојба во која што се наоѓаат околу 5.000 семејства во Гази Баба.
Побара заклучоците од седницата да бидат донесени со консензус од сите пратеници.
Димовски рече дека ќе ги разгледаат предложените заклучоци од страна на пратеничката група на СДСМ и оцени дека дел од нив се веќе реализирани или поминале на седници на Владата, а дел имаат и политичка конотација. Сепак додаде дека треба дополнително да се разгледаат.
Запрашан за тоа дали во ваква состојба е можно одлагање на обврските од Пржинскиот договор, Димовски рече дека во овој момент не може во тој контекст да даде одговор. - Некои обврски што се врзани со тој договор течат и предвреме. Она што во овој момент можеме да го покажеме е брза реакција, и се што е возможно да се направи да им се помогне на граѓаните, рече тој.
Порача дека сега е потребно единство и многу од луѓето кои даваат експертизи и делат памет, да се фатат за лопата.
Ново на Сител
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
-
Состојба на патишта
-
Студено со услови за магла по одделни котлини, температурите од -7 до 11 степени
-
Силекс на подготовки во Анталија
-
Клиентите на Халк Банка АД Скопје цел на лажна кампања за прибирање на броеви на картици и лични податоци
-
Му се заканиле ставајќи му моторна пила под вратот - дрвокрадци нападнале шумски полицајци во Велес
-
Судот му го одзеде пасошот на Јован Деспотовски по прифатените мерки на претпазливост
-
ЈО: Деспотовски под истрага за злоупотреба на службената положба, предложено да му се одземе пасошот