ВМРО-ДПМНЕ: Изминатите години реализиран инвестициски цисклус во здравството

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешните обвинувања од СДСМ дека сеуште не е изграден новиот Клинички центар и оти не се инвестира во здравството.
Во соопштението се оценува прес-конференцијата на СДСМ како уште еден во низата очајни обиди да се манипулира јавноста дека не се реализираат инвестиции во здравството.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека во изминатите неколку години е реализиран инвестициски циклус каков што СДСМ не можеле ниту да претпостават дека е можен.
- Само за потсетување, еве дел од нив: изградивме комплетно нова Детска болница во Козле. Изграден е новиот објект на ПЕТ-Центарот, кој е единствен од ваков тип во поширокиот регион, кој ќе овозможи најсовремена и најпрецизна дијагностика на секоја малигна клетка во организмот. Изградена е новата болница во Охрид, како и новиот објект на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, наведува ВМРО- ДПМНЕ во соопштението. бак/17:30
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
