ВМРО-ДПМНЕ: Итно проширување на истрагата за „Рекет“

Најнеспособната и најкорумпирана Влада предводена од аболицираниот Зоран Заев може само да соборува рекорди во однос на скандали во единица време. Криминалната власт никако не може да биде носител на реформи, особено не во правосудството. Македонија тоне на листите на корупција, а заради криминалците кои рекетираат и местат тендери, гледаме дека името веќе не е единствената пречка за добивање на датум за преговори.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на правдата и правдината, а тоа значи дека секогаш ќе стои на различна страна со СДСМ. Аболицираниот претседател на СДСМ и актуелен претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, зборува за режим и заробена држава во време кога тој самиот е на власт. Без срам излегува пред граѓаните и ги убедува дека во време кога тој владее, рекетирањата се случуваат поради опозицијата. Тотален апсурд и манипулација од политичка партија која е на власт без победа на избори. Неселективна правда во време додека владее Зоран Заев и СДСМ, нема да има се додека СЈО се распаѓа поради корумпираност, поради тоа што сопственици на медиуми со обвинителите рекетираат и собираат пари од граѓаните и се додека наместо да се расчистуваат судските случаи се брои време за да ја подзаборави народот штетата. Нивната долго најавувана правда веќе три години се претвора во спротивност. Сведоци сме на нарачани судски пресуди, процеси и рекети.
Бараме итно проширување на истрагата за случајот Рекет, не само кон извршителите, туку и кон нарачателите и помагачите, кон СЈО, кон сите функционери во СДСМ и кон сите вклучени во тој случај.
ВМРО-ДПМНЕ се залага за независно обвинителство кое ќе работи согласно законот и ќе го гони криминалот, без досегашните привилегии кои ги дозволува СДСМ. Независното обвинителство мора да се базира на принципите на владеењето на правото и меѓународните конвенции за човекови права.
Овој народ не заборава кој го крадел, а не заборава ни кој градел. Слушаат празни флоскули од партијата на власт, а нема државна или јавна институција во Македонија која работи и напредува во корист на граѓаните. Здравството е пред колапс, економијата е во минус, граѓаните се иселуваат од државата, а во Судот го управува Заев. Тоа не се заборава, ниту простува. Што побргу Заев замине од владата, толку побргу ќе почне да се работи на обнова на Македонија и надоместување на украденото и загубеното време.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
-

1.200 пациенти со повраќање, дијареја и температура побарале медицинска помош во Гостивар
-

Косовец со БМВ влечел цариник на Блаце откако му ја забележал кесата дрога под седиштето
-

Му се скршил ножот, па убиството на својата мајка го довршил со ножици – доживотен затвор за Петар Станковски
-

Јавното обвинителство во Гостивар спроведува истрага за случајот со можна неисправност на водата за пиење
