ВМРО-ДПМНЕ: Истекува мандатот на Заев и тој никогаш повеќе нема да биде премиер

Истекува мандатот на Заев и тој никогаш повеќе нема да биде премиер на Република Македонија.
Заев ќе остане запаметен како премиер кој целосно заборави на пензионерите. Пензионерите не забораваат дека Заев за цела 2019 им одзема 6 900 денари.
Срамно е и безобразно оваа влада да се фали дека води грижа за стечајните работници кога оваа категорија се појави како резултат на претходни лоши политики на СДСМ.
Заев ќе остане запаметен и како премиер кој се обиде на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР и ОБСЕ, да ги злоупотреби помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз.
Но, Заев добро знае дека доаѓа неговиот крај. По 12 Април тој ќе замине во историјата како најлош премиер.
По победата на 12 Април новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе правдата, промената и обновата на Република Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ го прославува 36. роденден
-

Филипче: Ни требаат храбри одлуки
-

Стопанска банка и Мастеркард го прошируваат партнерството со поволности за корисниците
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
