ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да ги осудат антимакедонските изјави на официјални лица од Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ бара македонските надлежни институции да реагираат на „антимакедонски, негаторски и понижувачки изјави на одредени официјални лица од Бугарија“. ВМРО-ДПМНЕ, како што велат од партјата останува на ставот дека Република Македонија треба да има добри односи со сите свои соседи, но без притоа да се задира во националната, јазичната и културната посебност на нашиот народ.
- Јавно и без срам во еден од своите настапи еден европратеник и еден директор на државна институција директно го навредуваат македонскиот народ, а од македонска страна нема никаква реакција. МАНУ упорно молчи на вакви суштински прашања, и отвора простор за нови напади и нови омаловажувања од страна. На ваквите напади каде е во прашање и угледот на државата, Министерството за надворешни работи не реагира, се брани со молк, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ додавајќи дека МНР има обврска да го штити угледот на државата и македонскиот народ.
Според партијата, последен е нападот врз највисоката научна установа, која од директорот на Националниот историски институт во Бугарија била претставена како инструмент во рацете на Заев и не смее да се впушти во коментари на договорот кој е постигнат во Софија, особено на најавите за бришење на учебниците или тврдењата дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.
- Претседателот на МАНУ, академикот Таки Фити е директно повикан да ги демантира овие тврдења, но МНР има обврска да побара да престанат омаловажувањата на македонската држава и институции, се вели во соопштението од партијата.
Ново на Сител
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари
-
Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци
-
Почина 18-годишниот Вукашин, шеснаесетта жртва на трагедијата во Нови Сад
-
Отворена истрага за пожарот во Кочани
-
Приведени тројца дилери