ВМРО-ДПМНЕ: Хаосот во кој СДСМ ја втурна државата мора да престане

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод. Зоран Заев го пушти на слобода Жан Железарски, кој наместо да биде во затвор рекетира, се заканува и тепа луѓе низ Кочани.
Заев донесе слобода за криминалците, а страв за граѓаните. Недолжни луѓе ги трпат криминалните банди на Заев и нивниот терор.
Власта не се справува со криминалот. Власта го стимулира криминалот. Убиецот на Мартин Нешковски наместо во затвор е на слобода, на слобода се и двајцата убијци од Арачиново кои ликвидираа три деца, а во затвор лежат граѓани за прекршок кога немаат пари да ја платат казната.
Убијците од „Монструм“ се на слобода, а искрени патриоти и родољуби во затвор. Зоран Заев си игра со судбината на цели семејства.
Зоран Заев е се уште премиер, иако неколкукратно е видео и аудио документиран во барање мито.
Хаосот во кој СДСМ ја втурна државата мора да престане. Македонија заслужува правдина. Граѓаните очекуваат правда. Потребни се итни предвремени парламентарни избори и ЈО кое ќе биде финансиски независно и отпорно на влијанија.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
