ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се разочарани и во се поголем број ја напуштаат Македонија
Наместо да ги лаже високите гости, Зоран Заев треба да им признае дека Македонија со него на чело тоне. Корупцијата, криминалот и рекетот го уништуваат општеството. Граѓаните се разочарани и во се поголем број ја напуштаат Македонија.
Лошата состојба е пред се резултат на лошото водење на економската политика.
Големото задолжување, високите даноци, преполнувањето на јавната администрација, злоупотребата на институциите и шиканирањето на правото се обележја на оваа власт.
Република Македонија треба да ги отпочне преговорите со ЕУ, бидејќи народот не смее да биде казнет за криминалните политики и неспособноста на Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период засилено лобираше за датум, но евентуалниот старт не е и не може да биде замена за ефективниот правен систем и функционална економија.
Со Зоран Заев на власт Македонија не може да тргне напред. Со Зоран Заев на власт Македонија тоне. Зоран Заев треба да си замине.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место