ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат одговор од Спасовски и одговорност за трагичната несреќа
СДСМ, Зоран Заев и Оливер Спасовски се неспособни и неодговорни, а нивната неспособност граѓаните ја плаќаат со своите животи. Состојбата со безбедноста во сообраќајот е катастрофална. Граѓаните секојдневно гинат додека на Спасовски и Заев прв приоритет им е доделувањето на монополскиот бизнис со испитните центри на фирми без никакво искуство кои го исполниле единствениот критериум, а тоа е блискоста со картелот на власт, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Оливер Спасовски ниту врши контрола, ниту го интересира безбедноста на граѓаните. Хаосот на подрачјето на СВР Тетово кулминира. Пред два дена во село Доброште, Тетовско црниот биланс беше две жртви во сообраќајна незгода. Се возат нерегистрирани автомобили, се врши несоодветен технички преглед, не се почитуваат сообраќајните правила, а Спасовски не реагира. МВР е во хаос, а непостапувањето завива десетици семејства во црно. Се уште нема официјални информации за катастрофалната несреќа во која животот го загубија 15 граѓани. Спасовски мора да одговори пред граѓаните дали и зошто на станицата за технички прегледи „Авто мото здружение“- Гостивар, чиј сопственик е сопственикот на „ Дурмо турс “ откако и била одземена дозволата за работа од страна на МВР, потоа и била вратена за неполна недела дена, иако според закон тоа не можело да се случи за период пократок од 30 дена?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат поради кои причини е одземена дозволата за работа на техничкиот преглед каде регистрација врши „ Дурмо турс “ и по кои основи истата е вратена?
-Кој го потпишал решението за враќање на дозволата за работа, иако постоела законска пречка, Но и дали се вршени регистрации во рокот кога техничкиот преглед немал лиценца? Уште колку животи треба да згаснат за Спасовски конечно да преземе одговорност? Граѓаните немаат информации, што е причина за несреќата, ниту пак околностите во кои настанала. Граѓаните како и семејствата на загинатите и повредените очекуваат одговор од Спасовски и одговорност за трагичната несреќа. Што побргу си заминат Спасовски и Заев, побргу ќе заврши и хаосот кој го креираа. Секој поминат ден со криминалниот картел на чело на државата е дополнителен ризик за граѓаните, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
-
Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“
-
Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната