ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните испратија јасна порака дека не ја поддржуваат Владата
Граѓаните држат до сопствените чест и углед, па затоа одбија да се качат во автобусите и да дојдат на митингот на човекот кој ги навредуваше нарекувајќи ги „стока“.
Автобусите организирани од страна на Пендаровски и Заев останаа полупразни бидејќи народот е за враќање на правдата во Македонија.
Расипничкото, криминално владеење на Заев и Пендаровски доведе до најслаба посетеност на нивниот централен митинг вчера во Скопје. Иако главниот град на Република Македонија беше блокиран од автобуси кои СДСМ ги донесе од цела држава, митингот беше дебакл.
Граѓаните испратија јасна порака дека не ја поддржуваат оваа Влада. Луѓето ниту со сила, ниту со закани, уцени и притисоци не прифатија да бидат искористени за верифицирање на антидржавните политики на Заев и Пендаровски.
Народот не сака повеќе да биде манипулиран, лажен и краден. Криминалот, непотизмот, хаосот во земјоделието, фамилијарните бизниси на сметка на државата, катастрофите во земјоделските политики на маката на земјоделецот се олицетворение на СДСМ за овие две години власт.
Стево Пендаровски и Зоран Заев ќе изгубат на овие претседателски избори. Народот ја даде поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Сиљановска Давкова кога се појави во рекорден број на централниот митинг во Скопје пред Владата на Република Македонија.
Јасна е пораката која народот ја испрати до СДСМ и Пендаровски кои треба да почнат да се подготвуваат за голем пораз. Народот ќе избере жена Претседател. На Македонија и треба правда. Татковината повикува.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП
-
Трет ден протест на дел од медицинскиот персонал и техничка служба од Клиничка болница Тетово
-
УКИМ не е меѓу најдобрите 2.000 универзитети според CWUR
-
Манасиевски: Судијата кој одлучувал за враќање на пасошот на Јахоски треба да се разреши
-
Раст на цените во Хрватска: Инфлацијата меѓу највисоките во еврозоната
-
Избоден малолетник во тепачка меѓу две групи ученици кај хотел „Карпош“
-
Без одобрение на државно земјиште почнал да гради шесткатница во Чаир, поведена истрага
-
Тошковски: Родителите на загинатите во Кочани имаат право да бараат, а инстиуциите се должни да дадат одговори