ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат одговори како Шилегов годишно заработува по 100.000 евра
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека пратеникот на СДСМ Петре Шилегов дневно заработува по 300 евра.
- Еден ден манипулации и глумење жртва на некаков режим за Петре Шилегов значи нови 300 евра на неговата сметка. Нешто под една месечна просечна плата заработува пратеникот Шилегов дневно во изминативе две години, рече Драган Данев на денешната прес-конференција.
Додека го бојкотираше Собранието, фрлаше со бои и ја навредуваше полицијата, додава Данев, портпаролот на СДСМ инкасирал по 9.000 евра месечно.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали Шилегов сам си изнајмува станови и дали си наплаќа консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво, додека ја извршува функцијата пратеник.
- Двесте илјади евра приходи за само две години се премногу, особено ако се бориш против режим. Граѓаните бараат одговори како пратеникот Шилегов успева да фрла бои по институции, да ја извршува функцијата портпарол и пратеник и годишно да го збогатува банкарското салдо за по 100.000 евра, рече Данев на прес-конференцијата.
Ново на Сител
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата