ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка, Митовски истепал граѓанин, МВР да не го крие случајот
Почитувани,
Шокирани сме од информациите кои деновиве кружат помеѓу кривопаланчани, според кои градоначалникот Сашко Митовски, нешто по полноќ на 14.01.2023 година физички нападнал наш сограѓанин без било каква причина.
Дополнително на тоа информациите говорат дека настанот во билтенот на МВР бил заведен како Напад од Н.Н. сторител (непознат сторител) како да сме паднати од Марс, а граѓанинот не знае кој го нападнал. Јавно прашуваме до ОВР ПС Крива Паланка дали ваквите срамни и понижувачки информации се вистинити, имајќи предвид што нападнатото лице е полициски службеник, кој во периодот кога е нападнат од градоначалникот не бил на службена должност?
Ги охрабруваме сите присутни на настанот да посведочат за истиот, воедно го охрабруваме и оштетениот во настанот да ја води постапката до крај согласно со Законите во Р. Македонија.
Насилието и теророт врз граѓаните од страна на градоначалникот Сашко Митовски мора да запре, за што јавно го повикуваме, доколку имал храброст да нападне граѓанин, да биде храбар и да се соочи со сите последици кои произлегуваат од настанот, да не се заканува и да бара сведоците на настанот да молчат, да не се заканува на оние кои јавно пишуваат за настанот на социјалните мрежи и да не вовлекува други службени лица од Полициската станица во Крива Паланка да прават кривични дела за што со сигурност по промената на власта на престојните предвремени парламентарни избори ќе одговараат.
Доколку се потврдат ваквите наоди ќе бараме од градоначалникот Сашко Митовски ВЕДНАШ да си поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА, бидејќи функцијата градоначалник не е за да се тепаат граѓаните туку да се работи во нивен интерес. Ова е срам за функцијата градоначалник, Крива Паланка не заслужува силеџија-каубоец за градоначалник.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пијан кривопаланчанец три пати со нож избол 22-годишна девојка во вратот
-
Пронајдена и третата жртва во несреќата во рудникот Велење
-
Бислимовски: Треба да им се помогне на комуналните претпријатија, но и тие треба да ги оптимизираат трошоците
-
Трамп го повика Путин да запре со „бесмислената војна“ во Украина
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД