ВМРО-ДПМНЕ: Град Скопје е заглавен заради неспособноста на коалицијата Арсовска - СДС
Град Скопје е заглавен заради неспособноста на коалицијата Арсовска - СДС.
ЈСП беше блокирано заради неспособноста на Арсовска, но и затоа што град Скопје под нејзина управа му должи пари на претпријатието, а пари должи и владата. ЈСП е спасено по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ.
Иста е и ситуацијата со ЈП Улици и патишта, претпријатие на кое Арсовска должи 1 милион евра.
Арсовска ја напушти програмата за модерно Скопје и се сврти кон коалиција со СДС, резултатот од тоа е повеќе од очигледен. Градот тоне веќе месец дена.
Градот Скопје под Арсовска има пари за мерење на рејтинг и пи-ар кампањи, а нема пари за проекти.
Арсовска работи под диктат на СДС, а тоа се гледа и по именувањето на директорот на ЈСП, кој е кадар на СДС, и за кој излегоа фотографии во јавноста од состаноци во штабот на СДС. Токму тој директор е предвесник на полутајната коалиција СДС - Арсовска.
И затоа Арсовска молчи за долговите на власта кон претпријатијата основани од град Скопје. И затоа нема ништо ниту за долгот на Клинички центар кон ЈП Водовод во износ од 2 милиони евра.
Ново на Сител
-

Мбапе му донесе победа на Реал над Барселона
-

Како до побрза дигитализација на македонските компании? Андоновски и бизнис-заедницата на иста маса
-

Нетанјаху бара засилена поддршка од Трамп пред изборите - Белата куќа гледа знак на очај
-

ЕУ предлага поблиска соработка со Србија по победата на Студентската листа на парламентарните избори
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг, само 20 отсто од Бугарите гласаа
-

Променливо облачно со локален дожд
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
