Македонија
5. March 2016 - 11:10

ВМРО-ДПМНЕ: Го разбираме вашиот гнев, но апелираме на мирен протест

 
ВМРО-ДПМНЕ апелира до граѓаните кои ќе излезат на денешниот протест да се однесуваат мирно и одговорно.
 
Соопштението на партијата ви го пренесуваме во целост:
 
ВМРО-ДПМНЕ го разбира гневот и револтот на граѓаните, бидејќи истите се сведоци дека техничкиот министер за внатрешни работи не стори ништо за да ја заштити нивната безбедност и да обезбеди владеење на правото во Општина Бутел, иако тоа му е обврска и за тоа е платен од граѓаните.
 
ВМРО-ДПМНЕ апелира сите оние кои ќе излезат и ќе го поддржат граѓанскиот протест кој се најавува за денес, да се однесуваат мирно и одговорно, со сиот респект кон државните институции.