ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и за вакцините се заплетка во своите лаги
И додека земјите од регионот ја добија или ја чекаат деновиве третата тура на вакцини против корона, Венко Филипче се заплетка со тоа кога ќе стигне или најблаго кажано не го знае терминот за првата тура вакцини.
Дополнително, ни помалку ни повеќе се фали со прва тура од речиси шест илјади вакцини, или како за градови помали од Злетово, или колку за Демир Хисар.
И ова се оние први дози од Фајзер.
Веќе денес се врати на долгонајавуваниот КОВАКС систем, ама и за дозите кои треба да ги добие Македонија преку тој механизам исто не знае термин. Повторно стапи на сцена со „можно е да стигнат крајот на јанурари почеток на февруари.
Филипче кажа и дека ќе има вакцини кои ќе се набават по три механизми и дека очекува 833 илјади вакцини од КОВАКС, потоа 800 илјади директно од Фајзер, и 800 илјади од канцеларијата на Европската делегација. Ама не знае го знае терминот.
А, информација за термини отприлика излгеда вака. Грција во прва тура доби 9.750 вакцини против КОВИД-19, а во следната тура на вакцини од Фајзер веднаш доби 83.850 дози или ова се дози до Нова година. Околу 419.250 дози од Фајзер ќе стасаат до крај на јануари, 333.450 дози исто од Фајзер ќе пристигнат до крај на февруари, а околу 400.000 дози во март. И така заклучно со март бројот на дозите ќе достигне до 1.255.800 дози. А, ова се вакцини само од Фајзер.
А, во меѓуреме, да, бројките се намалени, но и бројот на тестирања е намален.
Како и да е, одговор за термин за старт на вакцинација мора да има, ама мора да има одговорност и за сите починати речиси две илјади и шестотини.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мицкоски-Пленковиќ: Македонскиот пат кон ЕУ е исполнет со непринципиелни и неправедни блокади
-

Мотор влечел 12-годишно дете по улица во Драчево
-

Речиси 80 отсто од потрошувачката на струја во март е обезбедена од домашно производство
-

Три случаи на семејно насилство за едно деноноќие: приведени мажи во Битола, Куманово и Кичево
-

На ГП „Блато" приведен државјанин на Албанија, баран со меѓународна потерница
-

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
-

Мицкоски и Пленковиќ потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји
-

Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
