ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да ги усвои мерките против делта сојот на КОВИД-19
Филипче да не седи со скрстени раце и да ги усвои мерките против делта сојот на КОВИД 19.
Делта сојот на КОВИД 19 вирусот е веќе присутен во Македонија, ситр држави воведуваат поригорозни контроли, само владата на СДСМ кај нас се однесува ноншалантно.
Наместо да го преспијат летото и да се разбудат во хаотична и пеколна есен со многу заболени и голем број на смртни случаи, време е за мерки кои ќе го контролираат влезот во државата и ќе го ограничат просторот за ширење.
Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ги предлага следните мерки:
1. Професионализација на Комисијата за заразни болести;
2. Забрзување на вакцинацијата против Ковид-19;
3. Зголемување на контролата на границите;
4. Достапност на тестирање за Ковид-19;
5. Јасен и прецизен „Бел план” за здравствениот систем при нов бран на Ковид-19;
6. Зголемување на достапноста за рендген и лабораториските анализи за пациенти со Ковид-19;
7. Актуелизирање и обновување на протоколите за третман на Ковид-19;
8. Мапирање на здравствениот персонал;
9. План за пациентите со останати дијагнози;
10. Мапирање на здравствените капацитети;
11. Одредување на болници посветени за Ковид-19;
12. Мапирање на постоечката функционална апаратура;
13. Достапност на соодветен третман за пациенти со Ковид19;
14. Достапност на лична заштитна опрема ;
15. Пост-Ковид центри за пациенти коишто прележале Ковид-19;
СДСМ да ја тргне суетата и да постапи одговорно.
Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за ситe луѓе!
ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожарот во Чучер Сандево надвор од контрола
-
Се уште наизменично движење на автомобили во двата правца кај „Блаце“ и забрана за камиони
-
Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја подготвиме заедно со граѓаните, очекувам поддршка од сите политички партии
-
Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје
-
Ангелов: Нема опасност за жителите од пожарот над Чучер, да не се шири паника
-
Приведено лице кое пукало кон полицајци во битолско
-
МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце
-
Муцунски - Велдкамп: Холандија е меѓу најголемите билатерални донатори во клучни области за земјава