ВМРО-ДПМНЕ: Додека државните функционери на СДСМ местат тендери, народот трпи

Додека нашите сограѓани ги губат своите животи, бандата и натаму е фокусирана на криминал и корупција.
Народот трпи, додека државните функционери на СДСМ местат тендери. Скандалозно е во услови на вонредна состојба и светска пандемија, функционерите на СДСМ да се занимава со доделување тендери во 4 очи на луѓе блиски до власта наместо со здравјето на граѓаните и подобрување на економската состојба која во моментов е катастрофална.
Ниту епидемијата на опасниот коронавирус не ја спречи криминалната банда на СДСМ во четири очи како единствен понудувач да и додели тендер на фирмата „Алпима градба тим“ ДООЕЛ Струмица од ЈП Дрисла и Шилегов, во висина од над 12 милиони денари односно над 200.000 евра.
Се поставува прашањето дали зад тендерскиот скандал со Дрисла има и роднинска спрега?
Дали е точно дека братучед на генералниот секретар во Владата, Драги Рашкоски го добил тендерот од 12 милиони денари, а оној кој го доделил пак е братучед на неговста сопруга?
Одговор на прашањето дали овој тендер е доделен со амин на Рашковски и Шилегов мора да има.
Во Република Македонија се повторува историјатa. јавноста е сведок на повторување од криминалната транзицијата кога илјадници граѓани останаа на улица, а олигарсите на СДСМ ги наполнија џебовите со парите на народот. Македонските граѓани ова нема да го дозволат, следува казна за криминалот и корупцијата во време на вонредна состојба.
Ново на Сител
-

Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици
-

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес
-

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
-

Сиљановска Давкова - Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
