ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на Театар Комедија кој СДСМ го постави злоупотребил 8,7 милиони денари
По којзнае кој пат исплива на површина злоупотребата на власта и деградирањето на културата во Македонија. Поставувањето на партиски директори на културните институции од страна на некомпетентните директори во земјава доведе само некултура и пад на квалитетот граден со години.
Таков е и случајот со Театар Комедија, каде власта успеа да уништи уште една успешна приказна која беше создадена од нула. Од своето формирање во 2011 година, театарот успеа да се наметне како со квалитет така и со популарност како сериозна институција, но тоа траеше се до доаѓањето на СДСМ на власт, кога започна падот.
Доказ за тоа е и разрешувањето на директорот на НУ Театар Комедија, Сашо Ристовски кој беше поставен токму од владата на СДСМ, и тоа не затоа што сметаа дека вреди да го постават, туку затоа што се докажал со неговата партиска активност пред изборите во 2016 година.
Имено, директорот кој токму СДСМ го постави извршил злоупотреба на од 8.734.486 денари државни пари за кои презел обврска, но за истите не обезбедил покритие. Со тоа е прекршен член 70 а, став 4 од Законот за култура, за што призна и самото министерство.
Неговото разрешување нема да го покрие фактот дека тој злоупотребата ја направил како партиски кадар на власта, ниту тоа дека успеа да го уништи Театар Комедија.
Воедно прашање е дали ќе видиме институционална разврска на случајот или како и за се досега со замената ќе се прикрие злоупотребата на 8,7 милиони денари од државната каса.
И ова не е изолиран случај од страна на власта туку само продолжение на низата скандали на СДСМ во културните институции во Македонија. Наместо култура добивме криминал и антикултура.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години