ВМРО-ДПМНЕ: Димитров смета дека сто пати кажана лага станува вистина

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред граѓаните на Куманово ја продолжи праксата на неговиот претпоставен Зоран Заев базирана на манипулации и поделби на граѓаните.
Очигледно дека Димитров исто како и Заев смета дека сто пати кажана лага станува вистина, па така тој вечерва се обидуваше капитулантскиот договор со Грција да го прикаже како успех и крупен исчекор.
Му порачуваме на Димитров дека уште милион пат да ја повторува таа лага нема да му успее. За граѓаните на Република Македонија тој договор ќе остане капитулантски договор кој значи бришење на Република Македонија, бришење на македонскиот идентитет, македонската традиција, култура и историја.
Никола Димитров исто како и Зоран Заев се прочитани од граѓаните во Република Македонија кои ниту им веруваат ниту им даваат поддршка на нивните штетни, антидржавни и криминални политики.
Граѓаните на Република Македонија се за НАТО и ЕУ, но се против лагите, манипулациите и штетните политики на Димитров и Заев.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
