ВМРО-ДПМНЕ: Димитров прикрива дека бил информиран за „Рекет“

Сведок во процесот кажа дека информирал амбасадор за уцените и изнудите тешки 2 милиони евра, кој подоцна го известил Димитров за криминалот и рекетирањето од страна на омилените медиумско-обвинителски партнери на Заев.
Наместо веднаш да го пријави криминалот за кој бил информиран, Димитров го прикрива и премолчува. Кои се мотивите за ваквото однесување, треба да утврди некоја идна истрага. Самото непријавување е кривично дело, а органите на прогонот треба да испитаат дали причините се лукративни или на тој начин си ја обезбедувал љубовта и довербата на Заев.
Димитров пред неколку месеци прво излажа дека не бил запознаен со рекетирањето, а подоцна рече дека постои белешка за разговорот со амбасадорот. Доколку службен документ постои јавноста има право да знае што има во него.
Никола Димитров да не го сокрива документот и да не ја прикрива вистина. Нека го предаде во обвинителството, заради тоа што самиот е свесен дека по закон се одговара за прикривање на кривично дело.
Со изјавите дека тој не е вмешан и немал никакви сознанија, министерот за надворешни работи се дави во вртлогот на лаги исто како и неговиот патрон Заев, чија вмешаност во овој случај е очигледна. Кого се обидува да штити Димитров?
Одговорност мора да има, ако Димитров знаел за рекетирањето, а истото не го пријавил, самиот е вмешан во најкриминалната афера на оваа крими влада којашто ја штити.
Вистината излегува на виделина. Димитров и Заев нема да можат да се скријат од одговорноста којашто ќе биде побарана за да биде намирена правдата по 12-ти април.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
