ВМРО-ДПМНЕ: Деструктивното однесување на СДСМ кулминираше со обидот за атентат на Тодоров
Деструктивното однесување на СДС кулминираше вчера со обидот за атентат врз поранешниот министер за здравство и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров. СДС и невладините организации под контрола на Сорос три години организирано шират хистерија која треба да резултира со крв и насилство.
Ова денеска на прес-конференција го истакна Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
- На пролевање крв по улици, повикуваше и еден од министрите во новата Влада, во стилот на Зоран Заев кој најави дека ќе се пука. Ваквото насилничко однесување кое треба да испровоцира сериозни конфликти го видовме и на 27-ми април при обидот нелегално да се избере претседател на Собранието. СДС тогаш ги погази Уставот и Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието. СДС тогаш го погази најсветото демократско право и на пратениците им ја одзеде можноста за дискусија, рече Стаменковска.
Истакна и дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го коментира пренесувањето на предметите поврзани со 27 април од Основното јавно обвинителство во Обвинителството за гонење организиран криминал, но, како што рече, нема да одмолчи политички мотивирано и непринципиелно постапување.
- ВМРО-ДПМНЕ апелира Јавното обвинителство да не потклекнува на притисоците и да се држи до законот и професионалното и непристрасно постапување. Обвинителството не смее да се претвори во одделение на СДС за водење на политички хајки. Власта не е еднаш за секогаш дадена и за секое пречекорување на овластувањата и законите ќе има одговорност, рече Стаменковска.
Според неа, обидите на СДСМ и медиумите под нивна контрола да имплицираат некаква одговорност на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не е ништо друго освен политичка пресметка, обид за манипулација и обид за прикривање на одговорноста за политичкото насилство кое претходеше на физичкото.
- Лудилото стимулирано од СДС и Заев во кое се оцрнуваат невини луѓе, се прават хајки и се врши линч мора да престане. Градењето на таква перцепција нема да ги амнестира од одговорност за нивните криминали кои не застаруваат, нагласи Стаменковска.
Ново на Сител
-
Струмичките и радовишките пожарникари вчера изгаснаа 12 пожари на отворено
-
Еден загинат и тројца повредени во украински напад со дронови врз Москва
-
Маск: „Х“ урната поради масовен кибер напад со потекло од Украина
-
Меркел ја повика Европа да се обедини пред политичките предизвици
-
Во Собранието ќе заседава Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР
-
Блумберг: САД на состанокот во Саудиска Арабија ќе ја притиснат Украина за примирје
-
Kомеморација по повод 82 години од холокаустот на македонските Евреи
-
Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан