ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мијалков во ЈО дошол со владин службен црн пасат?
Единствен кој што се сретнал со Мијалков е Заев, додека договарале да прават вештачка криза во ВМРО.
СДСМ молчи и дали Мијалков во ЈО дошол со владин службен црн пасат?
Дали Мијалков и дента пред да се предаде бил со Заев, каде е договорено да биде пуштен на слобода за 60 дена, а Апелација да му ја намали казната?
СДСМ молчи за целиот театар на Мијалков кој е во режија на Заев. Режијата е толку бедна, што имаат куп пропусти. Мијалков стигнал во ЈО во 16 часот, а пред камери глумеше во 16.40 часот. Каде бил 40 минути и зошто наместо да оди во притвор, тој се шета наоколу и глуми изненаден?
До кога СДСМ ќе ја замајува јавноста. Сите ја видоа на дело коалицијата Заев – Мијалков.
Сашо Мијалков е товар околу вратот на Заев, кој сам си го избра, и сега мора да одговара за него.
Одговорност за сиот криминал ќе има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
