ВМРО-ДПМНЕ: Царовска сака да ја контролира Комисијата за заштита од дискриминација
Министерката Мила Цароска сака да ја партизира и контролира Комисијата за заштита од дискриминација.
Новиот закон за Спречување и заштита од дискриминација содржи козметички промени, кои можат да се донесат со Измена и дополнување на законот, што ќе значи континуитет на досегашниот, кој е во потполност усогласен со меѓународните стандарди. Всушност во својот извештај за Македонија ЕКРИ телото на Советот на Европа, препорачува измени и дополнување на законот а не донесување на нов закон.
Венецијанската комисија, во своето мислење препорачува да не се менува сегашниот состав на комисијата, бидејќи тоа ќе влијае на независноста на тоа тело за еднаквост, за кое се препорачува да се зајакне. Менување на сегашните членови, според Венецијанската комисија би представувало политички притисок. Според комисијата, доколку тоа се случи ќе може да се претвори во нова пракса, со која секоја промена на власта ќе значи и промена на членовите на комисијата. На тој начин ова тело за еднаквост ќе ја изгуби смислата на неговото постоење. Во препораките се посочува да се изнајде начин, комисијата да се избира со двотретинско мнозинство, за да може да учествува и опозицијата, со што ќе се направи широк консензус и ќе се зацврсне независноста на комисијата. Во заклучоците на венецијанската комисија од четири најважни точки потенцирано е дека промената на сегашниот состав на комисијата ќе претставува сериозен удар врз независноста на комисијата и дека мора да се најде начин тоа да се избегне.
Мислењето на венецијанската комисија е подржано и од Еквинет(тело за еднаквост на ЕУ) со писмо до Министерката за труд и социјална политика и од Европската комисија, која ќе го смета ова како непридржување кон реформите за кои владата треба да се залага.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот