ВМРО-ДПМНЕ бара информации за тоа кои политичари од власта се вакцинирале против корона
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе посебно барање до Комисијата за здравство да побара информации од Министерството за здравство кој се е вакциниран, бидејќи во јавноста се појавиле информации дека се вакцинирани и политичари од власта. Сомнежот, според опозицискиот пратеник Миле Лефков, е каде се вакцинирани тие, дали тука или во други држави.
- Сомнежите дека вакцинацијата се злоупотребува поточно дека се вакцинирани и политичари од власта мора да се расчисти. Не може и не смее да нема вакцини за здравствените работници, а да има за политичарите од власта. Во интерес на јавното здравје апелираме информациите за тоа кој се е вакциниран да се декласифицираат, кажете кој се е вакциниран. Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме посебно барање до собраниската Комисија за здравство да побара информации од Министерството за здравство и точно да се знае кој до сега се вакцинирал против корона, изјави Лефков.
Посочи дека бројката на заболени е околу 30 проценти од вкупно тестираните, а на починатите секој ден е по неколку десетина.
Ново на Сител
-

„Стоп за Усје“ – Граѓаните бараат дислокација на цементарницата
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Протест пред Усје
-

Без ниту еден глас против изгласан Буџетот на Град Скопје за 2026 година
-

Судење за пожарот со потресни сведоштва
-

Собраниски дуел Мицкоски - Филипче: Кој владее како Третиот Рајх, а кој е општествен талог
-

Изборот на Народен правобранител заглави во Собранието, институцијата пред целосна блокада
