ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска наместо да ги решава проблемите на граѓаните, таа создава нови
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска наместо да ги решава проблемите на граѓаните, таа создава нови проблеми. Наместо да биде сконцентрирана на реализација на својата програма, таа е сконцентрирана на создавање на конфликти. За кратко време создаде хаос во градот.
Скопје е нечисто како никогаш до сега. Се скара со синдикатот на ЈП Водовод и Канализација. Се скара со синдикатот на ЈСП. Доцни исплатата на платите во паркови и зеленило. Доцни исплатата на платите во Лајка. Се скара со приватните превозници. Во училиштата под Град Скопје владее хаос. Пожарникарите ги принудува да бидат чувари.
Единствено со кого не се скара е со СДС. Оддеднаш заборави на матните зделки и криминалите на претходното раководство на град Скопје, предводено од кадрите на СДС. Ова коинцидира со контактите и средбите на Арсовска со Ковачевски и Јакимовски во Владата.
Арсовска треба помалку да се занимава со политика а повеќе со решавање на проблемите на народот. Арсовска наместо со сплеткарења треба да засука ракави и да ги исполнува ветувањата кои ги даваше на граѓаните.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар