Македонија
7. February 2021 - 8:58

ВМРО-ДПМНЕ: Американскиот научно-здравствен совет посочи: Заев и Филипче се извор на лажни вести во корона кризата

Американскиот научно-здравствен совет посочи: Заев и Филипче се извор на лажни вести за време на корона кризата.

Советот потврди дека Македонија е меѓу земјите кои даваат погрешни податоци или фабрикувани податоци во врска со статистиката поврзана со корона вирусот.

Македонија според „пријателите“ на Заев, Шекеринска, Филипче е во друштво на Белорусија, Таџикистан, Египет, Албанија, Македонија, Бангладеш, Украина, Сирија, САД, Индија, Иран итн.

Дека владата е извор на лажни вести во контекст на статистиката за корона вирусот ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше уште лани непосредно по појавата на КОВИД-19 во земјава.

Во меѓувреме, не само во врска со статистиката Владата продолжи со лажни вести и за главната алтака во борба против корона, вакцината.

Вакцини ќе има во јануари, за една недела, за две недели, февруари, март.

Последна вест е дека во понеделник Филипче ќе потпише договор за кинески вакцини, ама дали сега исплашен, па рече не сака да калкулира со термини?!

За сите овие лаги, кои го загрозуваат здравјето на граѓаните, мора да има одговорност!