ВМРО - ДПМНЕ алармира: Илјадници граѓани секоја година ги губат своите живот поради загадениот воздух
Македонските граѓани буквално се гушат поради неспособноста на локалната и централната власт да се справи со енормното аерозагадување.
Илјадници граѓани секоја година ги губат своите живот поради загадениот воздух.
Најновиот извештај на Светската здравствена организација покажува дека секоја година 3 илјади граѓани на Македонија починуваат како директен резултат на загадениот воздух.
Нема ништо од предизборното ветување за почист воздух, ниту пак од ветувањето за ,,живот за сите’’. Животот во Македонија дојде единствено за оние малкумина кои се дел од криминалниот картел на власта на чело со аболицираниот Заев. Животот дојде за сите оние кои седна во своите фотелји, добија функции и по некој криминален тендер и грант. За жал овие луѓе заборавија на своите ветувања кон граѓаните.
Срамен е фактот што за борба против загадувањето, односно за спас на илјадници човечки животи, владата планира наредната година да потроши само 1,6 милиони евра буџетски пари, додека за луксузни автомобили и мебел ќе потроши неверојатни 7 милиони евра.
Дали удобството и хедонизмот на државните и партиските фунцкионери е поважно од здравјето на граѓаните?
Дали илјадници човечки животи се поважни од тоа во какви автомобили ќе се возат партиските пајташи и во какви фотелји ќе седат?
ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира, Владата да го слушне гласот на граѓаните, експертите и докторите и веднаш да ги прифати итните мерки кои ние ги предлагаме против загадувањето. Со прифаќањето на овие мерки власта може
да спаси илјадници животи, овие мерки се мерки кои живот значат!
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени