ВМРО-ДПМНЕ: Ако стоковите резерви се полни, зошто поскапи лебот?
Сите земји во регионот јасно и гласно кажуваат во каква состојба се стоковите резерви, само кај нас власта е со празна реторика. Затоа е загриженоста на граѓаните. Тие не и веруваат веќе на власта на СДСМ и ДУИ, администрирана од Ковачевски.
Патем да биде уште потрагично Стево пендаровски тврди дека уште он ноември месец знаеле што ќе се случи, па логично се поставува прашањето зошто не презеле конкретни чекори Македонија да обезбеди доволни количини од животните потреби на граѓаните.
Од српскиот претседател Вучиќ дознаваме дека Македонија побарала пченица и пченка и бараната количина ќе ни биде предадена. Власта невешто се правда и создава уште поголем сомнеж кај народот.
Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот?
Зошто државата дозволува раст на цената на лебот и дополнително осиромашување на граѓаните кои и онака плаќаат 30% поскапа струја и 70% поскапи горива во споредба со пред извесен период?
Владата администрирана од Ковачевски или не знае како да го спаси животниот стандард или не сака. Трето нема.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
