ВМРО-ДПМНЕ: 50 починати од КОВИД, а Заев и Филипче се шетаат со хеликоптери
330 луѓе починаа од КОВИД 19 во Прилеп, и за ниту еден од нив не беше пуштен хеликоптер, што можеби би спасило ничиј живот, но затоа Заев и Филипче вчера летаа на државен трошок од Скопје до Прилеп.
Не беше пуштен хеликоптер ниту за 50 починати вчера, но затоа се пушта хечикоптер за Заев и Филипче.
Секојдневно во Македонија умираат луѓе од КОВИД 19 и се заразуваат и по 1.500 на ден, за ниту еден од нив не е пуштен хеликоптер, а сигурно меѓу нив имало животи кои можеле да бидат спасени, доколку тоа се направело.
Аздисаноста и одлепеноста од реалноста на власта немаат граница.
Заев за Прилеп леташе со хеликоптер за да не ги види и прилепските тутунари, чиј тутун се купуваше за стотина денари, чии фамилии плачат затоа што немаат што да јадат.
Заев леташе за да не се сретне ниту со поранешните вработени во Еурокомпозит, кои десет пати ги лаже.
Заев леташе со хеликоптер мислејќи дека ќе ја надлета реалноста. Ниту хеликоптерот, ниту розевите очила ќе го спасат од народот, кој секој ден ја живее болната реалност.
Ново на Сител
-

Божиќ - Празник на Христовото раѓање
-

Балканскиот Ерусалим исполнет со верници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
