ВМРО-ДПМНЕ: 48 часа по катастрофалните поплави во Делчево, нема ни трага ни глас од владата на терен
48 часа по катастрофалните поплави во Делчево, нема ни трага ни глас од владата, помош дадоа само градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата остана нем посматрач на катастрофалните поплави во Делчево и ги остави граѓаните сами да се справуваат со последиците од истите.
Единствен кој излезе во пресрет на делчевчани, се околните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои веднаш помогнаа со противпожарни возила и екипи од ТППЕ, и друг вид на опрема, а веднаш потоа единствени кои изгласаа и ветија парична помош се исто така градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ширум државата.
ВМРО-ДПМНЕ покажува дека се грижи и дека подеднакво и е значаен секој дел од државата, без разлика дали локалната власт е од ВМРО-ДПМНЕ или некоја друга партија. Таквиот пристап ќе продолжи и од страна на владата што ќе ја води ВМРО-ДПМНЕ. Народот ќе има партнер во ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна
-
Новиот тим македонски историчари утре на прва средба со тимот од Бугарија
-
Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена
-
Терористички напад во Турција: Четворица загинати и 14 повредени
-
В.д. директор на ЗОО-Скопје: АХВ упадна без налог и известување
-
Се уште забранета водата за пиење во Струмица
-
Малолетничка претепана со тврди предмети од дечкото
-
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари