ВМРО-ДПМНЕ: 1,5 милијарда евра ќе не задолжи владата годинава, следната долгот ќе достигне 8,5 милијарди евра
Годинава ќе се задолжиме 1,5 милијарди евра надвор и дома, велат бројките во Предлог-ребаланс на буџетот. Ова е сумата која министерот за финансии Бесими ја преќути, кога се пофали дека вратил „стар долг“ за еврообврзницата од 2014 година (кој инаку и онака доспеваше за враќање), од Владата од која беше дел ДУИ - партијата чија министер е.
Сепак, она што е уште позагрижувачко е тоа што истиот Бесими, согласно донесената Стратегија за управување со јавен долг 2022-2026, планира следната година јавниот долг да достигне вртоглави 8, 5 милијарди евра или скоро 66% од БДП. Ова се 6 процентни поени повеќе од границата предвидена со Мастришкиот критериум. Годинава, Министерството за финансии планира јавниот долг да достигне 64%, а следната дури 66%. Тоа значи дека секое четиричлено семејство во земјава ќе должи по 17.000 евра.
Она што е најзагржувачко е каде одат тие пари. Во патишта, училишта, болници и останата инфраструктура - сигурно не. Капиталните инвестиции за седум месеци, односно повеќе од половина година се околу 30%. Истовремено, со предлог-ребалансот се зголемуваат средствата за привремени вработувања, мебел и возила. Значи средствата кои сега ги зајмиме и кои нашите деца и внуци ќе ги плаќаат во иднина, се трошат на партиски вработувања и луксузирање на функционерите од власта.
За само 4 години оваа влада го зголеми јавниот долг за 2,4 милијарди евра и не планира да запре.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење