Вмрежување на домашни и мултинационални компании
Во хотелот „Double Tree by Hilton“ денеска ќе се одржи средба за вмрежување меѓу мултинационалните и домашните компании во Северна Македонија.
Настанот е во организација на Центарот за управување со промени – ЦУП и Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, во рамки на проектот „Надминување на јазовите помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании“, кој е финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Средбата ќе биде посветена на воспоставување на соработка помеѓу домашните мали и средни претпријатија и мултинационалните компании во Северна Македонија, преку директно вмрежување и дискусија на теми поврзани со: стандардизација и подобрување на квалитетот на производите и услугите, зголемување на капацитетите за производство и навремена испорака и можности за унапредување на деловната промоција и комуникација.
Најавено е дека на настанот ќе се обрати Зорица Апостолоска, министерка без ресор задолжена за странски инвестиции во Владата.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори