Вмрежување и поттикнување соработка меѓу компании од регионите во земјата
Во Центарот ЦЕЕД во Скопје денеска се одржа Б2Б настан за вмрежување меѓу компании од регионите Пелагонија, Југозападен, Источен, Североисточен, Полог и Скопје, во рамки на проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија.
Како што се наведува во соопштението на УСАИД, целта на настанот е вмрежување меѓу сите учесници во Проектот, кои на средбата имаат можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи/услуги и најважно од сè, да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.
Според Татјана Марковска, менаџер од канцеларијата на УСАИД за економски развој, вмрежувањето е многу важен сегмент во бизнисот и релациите што ќе се воспостават денеска нашето искуство покажува дека е голема можноста да се развијат во продуктивни, долготрајни бизнис релации.
Започнат од УСАИД во јули 2011 година, сега кофинансиран од Владата на Швајцарија, Проектот за микро и мали претпријатија, во вредност од 3.079.400 долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на проектот се имплементираат во осум региони, на целата територија на Македонија. ЦЕЕД Македонија е имплементатор на Проектот и е една од институциите во наследство на УСАИД.
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има