-->
-->
Влошена состојбата со корона вирусот во Србија
-->
Предраг Кон, познатиот српски епидемиолог, изјави дека ситуацијата со коронавирусот во Србија се влошува. Според него, во главниот град Белград, таа е веќе заканувачка.
„Се тестираат се повеќе луѓе. Има заболени во студенските домови, а последниот податок е дека 91 се позитивни, веројатно и тоа се менува“, вели Кон, кој е член на српскиот Кризен штаб.
Според српскиот лекар, повеќето од заразените не знаеле каде се заразиле.
„Не се гледаат знаци дека ќе има брзо подобрување“, нагласува овој епидемиолог, кој додава дека пред оваа држава се случувања во кои може да дојде до влошување на инфекцијата, како што се приемните испити на факултетите, матурските и свадби.
Тој, како место за интензивно ширење на заразата, ги наведе ноќните клубови, па вели дека се размислува за прекин на работата на овие локали.
„Подобро тие мерки што поскоро да се донесат отколку да се чека да се влоши ситуацијата“, вели Кон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка