Влегувал во просториите од фирмите кога немало никој и крадел - скопјанец крадел од кај ќе стигне
Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против лицето Б.Д. (39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил четири кривични дела - “кражба“ стекнувајќи се притоа со противправна имотна корист од околу 62.000 денари.
Сите четири кривични дела пријавениот ги извршил на идентичен начин во простории од фирми - една лоцирана во централното градско подрачје и три во населбата Чаир, годинава во период од 30.04. до 06-ти овој месец. Тој влегувал во просториите на фирмите и откако ќе се уверел дека во канцелариите нема никој и дека нема да биде забележан од некого, се доближувал до работното биро на кое стоеле чантите на ошетените, ги отворил и потоа ги одземал паричниците (во три случаи), додека во еден случај го отворил работното биро кое служело како каса ги пронашол и одзел паричните сретства од дневниот промет ги ставал во џебот и незабележан од никого напуштал лице место.
По дознавањето за кривично правниот настан преземени оперативни мерки и активности при што е дојдено до сознание дека можен сторител на кривичното дело е Б.Д., при што истиот е лишен од слобода во ПС од ОН Чаир. Во извршениот разговор со пријавениот, истиот во целост ги признал и опишал начините на извршување на кривичните дела. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи