-->
-->
Властите во Швајцарија ги молат граѓаните да не плаќаат данок, имаат премногу пари
-->
Даночните обврзници во еден регион во Швајцарија се соочија со необично барање на даночните власти: ги молат да го одложат подмирувањето на сметките и тоа за понатака.
Имено, даночниците на кантонот Чуг (недалеку од Цирих) ги укинаа овластувањата за рано плаќање на данок и ги замолиле граѓаните што е можно подолго да го одложат плаќањето на нивните даночни обврски.
Во Швајцарија каматните стапки во банките се негативни, па кантонот Чуг не сака да акумулира готовина, како би избегнал плаќање на камати.
Според некои проценки, така Чуг ќе заштеди околу 2,5 милиони швајцарски франци годишно.
„Со оглед на тоа дека уште владеат ниски каматни стапки и за да мораме да плаќаме негативна камата, Кантонот нема причина да ги поттикнува даночните обврзници на итно плаќање на данок.
Во интерес ни е обврзниците на данок да плаќаат што подоцна-како би имале помали трошоци“, се наведува во соопштението на Кантонот Чуг.
Оваа несекојдневна молба би можела да се примени и во другите кантони, а се е последица на одлуката на централната швајцарска банка која во 2014 година воведе негативна каматна стапка како би ја намалила побарувачката за сопствената валута, бидејќи процениле дека пресилниот курс и штети на економијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повреден млад скопјанец кој излетал надвор од патот за Средно Водно
-
Брод со туристи кој тргнал на нуркање потонал во Египет
-
„Ни рече тука има закопано човек“, сведочи полицаец кој го спровел Велибор Манев
-
Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани
-
Руски патнички авион се запалил синоќа при слетување на аеродромот во Анталија, евакуирани 89 патници
-
Новата изјава на Кешишев која негира дека Палчо ги сторил убиствата нема доказна вредност
-
Берлин е домаќин на разговори на европски министри за одбрана
-
Молика стара 250 години и стотина стебла стари над 200 години искрши ветерот на Пелистер