Власта и опозицијата во нов обид да се договорат за идниот статус на СЈО
Во Министерството за правда попладнево се одржува нова средба на работните групи на Владата и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во обид да се постигне договор за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.
Владината работна група ја предводи министерката Рената Дескоска, а на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Антонио Милошоски и адвокатот Тони Менкиновски.
На последната средба што беше одржана завчера во Министерството за правда немаше никакво поместување во делот на разговорите.
-Немавме никакво поместување во делот на разговорите. Разговаравме за членот 105, кој е клучната пречка во донесувањето на законот, а тоа е околу продолжувањето на постапките и користењето на доказите кои се собрани досега. Се договоривме ВМРО-ДПМНЕ да направат одредени дополнитени консултации и се договоривме наредбата средба да биде в петок, да видиме по тие консултации каде ќе можеме да најдеме заеднички став, изјави по завчерашната среба министерката за правда Рената Дескоска.
Според министерката за правда, веќе се кристализира дека СЈО ќе биде посебен орган, но тоа прашање, како што рече, целосно не е затворено, бидејќи сè уште се во фаза на постигнување договор.
Претставникот на опозицијата во преговорите Тони Менкиновски по средбата изјави дека ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од принципот на владеењето на право што е преточено во амандманите.
Според него, мандатот на СЈО е јасно дефиниран во законот, 18 месеци од добивањето на нелегално стекнатите прислушувани разговори.
Договорот за законот за јавно обвинителство е еден од условите за добивање позитивен извештај на Европската комисија.
Ново на Сител
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема