Влахов-Мицов: Во 2002 година имаше 14 отсто Албанци, а беа попишани 25 отсто

Стеван Влахов-Мицов, потпретседател на Единствена Македонија, денеска јавно го праша Специјалното јавно обвинителство зошто не презема ништо за, според нив, фалсификуваниот попис од 2002 година, како што отвори истрага за пропаднатиот попис во 2011 година против Никол Груевски и Али Ахмети.
Тој потсети дека правниот претходник на партијата – Народно движење за Македонија во 2009 година поднела кривична пријава до Јавното обвинителство за фалсификување на пописот во 2002, додека во 2015 година до СЈО поднеле предлог за преземање на кривичниот предмет, меѓутоа досега не се презеле никакви мерки.
- Фрапантни се сознанијата до кои дојдовме при прибирањето на доказите, според кои произлегува дека албанското малцинство во земјата е околу 14 отсто, и како е изведена оваа фалсификувана статистичка операција со извонредно разработената криминална технологија од фазата на попишување и собирање податоци на теренот па се до влезот на податоците во компјутерскиот систем од аналогна во електронска форма – рече тој.
Ново на Сител
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
