Владиниот тим во Софија ги почна разговорите со бугарските колеги за справување со енергетската криза

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски попладнево во Софија ги почна разговорите со претставници на бугарската Влада за справување со последиците од енергетската криза.
Премиерот Ковачевски беше пречекан од претседателот на привремената бугарска Влада Галаб Донев.
Во македонската делегација се и министрите за надворешни работи Бујар Османи и за економија Крешник Бектеши, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, како и претставници од ресорите економија и енергетика.
Пред заминувањето за Софија, Ковачевски најави дека ќе се дискутира за снабдувањето со електрична енергија преку Бугарија, како извозник на електрична енергија, како и за едно од барањата на Стопанската комора, да биде обезбеден непречен проток на струја во текот на целиот зимски период.
Предидено е двајцата Ковачевски и Донев да одржат заедничка прес-конференција.
Ковачевски во Софија ќе се сретне и со бугарскиот претседател Румен Радев.
Покрај за енергетиката, се очекува на средбите да се разговара и за други прашања.
Ново на Сител
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
-

„Дојче Бан“ соопшти дека се обновува железничкиот сообраќај во Германија
-

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
-

Оман создаде привремен морски коридор низ Ормуска Теснина
-

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница
-

СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар
-

Денес нестабилно време со дожд и грмежи
