Владини делегации положија цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски
Делегации на Владата на Република Македонија денеска положија венци со свежо цвеќе на гробот и на спомен обележјата во чест на претседателот Борис Трајковски, во рамките на одбележувањето на 17-годишнината од неговата смрт.
Делегација на Владата составена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, положија венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.
На споменикот на претседателот Трајковски во Струмица, свежо цвеќе положи владина делегација, која ја сочинуваа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски.
Претседателот Трајковски, заедно со осумчлена делегација од неговиот кабинет и членови на екипажот на владиниот авион, трагично ги загубија животите во авионска несреќа на 26 февруари 2004 година во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.
Со оддавање на должна почит и признание за неговиот исклучителен придонес му искажуваме благодарност на скромниот, искрен и често емотивен Трајковски, кој како шеф на државата во сложени времиња за нашата земја покажа лидерство и знаеше како да ги стави државничките интереси пред тесно партиските интереси.
Во нашето колективно сеќавање претседателот Трајковски останува врежан како човек од народот и човек за народот, но и како државник со непоколеблива визија за нашата земја како општество на сите граѓани и фактор на мирот и стабилноста во регионот.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава