Владината седница за ребалансот на Буџетот во петок

Премиерот Зоран Заев очекува ребалансот на Буџетот да биде донесен пред 2 август.
Како што изјави денеска, одговорајќи на новинарски прашања по работната средба во Стопанската комора, владината седница за ребалансот е закажана за петок, во 9 часот наутро.
- Знаеме дека 20 дена ова прашање мора да биде отворено, десет дена дебата пред собраниската Комисија и пет дена максимум за пленумот. Верувам дека пред 2 август ребалансот на Буџетот ќе биде донесен, истакна Заев.
Според него, продолжува соработката со странските финансиски институции, а намерата на Владата е да влече пари и кредити само за инфраструктурни и развојни проекти кои ќе ги враќаат парите назад.
За Македонија е важно, нагласи премиерот, брзо да повлекува евтини пари и ако е можно, проследени со одредени грантови.
- Соработката со странските финансиски институции, ЕБРД, Европската инвестициска банка, Светска банка,..., кои се пријатели на Македонија, ќе продолжи, а зависи од нашата капацитетност за изготвување проекти и нивно реализирање. Тие се буквално отворени за соработка, а за нас е важно брзо испорачување пари, што е можно поевтини и проследени со одредени грантови, изјави Заев по работната средба.
Ново на Сител
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
