Владина делегација се поклони пред споменикот на Свети Климент Охридски
Владина делегација составена од министерот за правда, Бојан Маричиќ, министерката за култура, Ирена Стефоска и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи денеска положи цвеќе и се поклони пред споменикот на Св. Климент Охридски кај Националната и универзитетска библиотека која го носи неговото име по повод 8 Декември, државниот празник во негова чест.
-Како основоположник на македонската духовност и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Св. Климент Охридски, спаѓа во редот на македонските великодостојници кој ја продолжи мисијата на светите браќа Кирил и Методиј за продлабочување и унапредување на духовната и просветната дејност меѓу словенските народи, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Свети Климент е основач на Охридската школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет“ и се втемели во почетоците на македонска писменост и јазик и во негова чест денес се именувани универзитети, факултети, училишта.
По повод празникот „Св. Климент Охридски“ и делегација на СДСМ во состав од потпретседателот на СДММ Александар Саша Димитријевиќ, пратеничката на СДСМ Даниела Марковска и претседателката на Форум на Жени на СДСМ Снежана Калеска – Ванчева оддаде почит и положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред зградата на НУБ во Скопје.
Во Собранието на Република Македонија денеска им беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2021 година на годинашните добитници во областа на воспитанието и образованието на универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, во областа на културата и
уметноста се писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и Елена Дончева, академски сликар – костимограф.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка