Владина делегација предводена од премиерот Заев положи цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев
Централната прослава на големиот државен празник 2 Август Илинден – Денот на Републиката кој оваа година се одбележува под слоганот „Сите сме деца на Илинден“ во Крушево започна со оддавање почит и положување на свежо цвеќе и венци на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република во Македониум. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев предводеше висока владина делегација во состав Заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министер за здравство, Венко Филипче, министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерка задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски којашто положи цвеќе и оддаде почит.
Потоа, владината делегација предводена од премиерот Заев оддаде почит и положи цвеќе на споменикот на Слива, којшто се наоѓа во близина на Крушево и претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република.
Владината делегација и премиерот Заев присуствуваа и на Панихида којашто традиционално се организира секоја година во чест на загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола во Крушево.“
На прославата во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, учествуваше владина делегација во состав од Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и Благе Петровиќ, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа