Владина делегација положи свежо цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“
Делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, кој беше придружуван од министерката за одбрана Славјанка Петровска, од министерот за локална самоуправа Горан Милевски и од заменик-министерот за правда Агим Нухиу, положија венец свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ во дворот на Владата по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
„Положувањето цвеќе на споменикот „Ослободители на Скопје“ е дел од пригодните активности кои во чест на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, како за чествување и за оддавање почит на сите кои учествуваа во поразот на фашизмот во Втората светска војна, како и на сите оние кои учествуваа во изградбата на Европската Унија“, пишува во соопштението.
Како што информираат од Владата, венци со свежо цвеќе на споменикот „Ослободите на Скопје“ положија и делегации на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна, Делегација на Претседателот на Република Северна Македонија, Делегација на Собранието на Северна Македонија, на Армијата на Северна Македонија, на дипломатски кор, како и на политички партии и други општествени граѓански организации.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот