Владина делегација на сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО

Делегација на Владата на Република Северна Македонија учествува на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан, на која ќе се дискутира за состојбата со природното и културното наследство во Охридскиот Регион. Делегацијата ја предводи министерот без ресор Едмонд Адеми, а во неа се и заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски и градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски.
Како што соопшти владината прес-служба, за време на сесијата на Комитетот, делегацијата ќе оствари средби со високи претставници на Центарот за светско наследство на УНЕСКО, со делегациите на земјите членки меѓу кои Кина, Бразил, Босна и Херцеговина, како и со претседавачот на Комитетот – Абулфас Гарајев, министер за култура на Азербејџан.
Македонската делегација ќе оствари средби и со колеги од Република Албанија, во насока на заедничко делување и управување со Охридското Езеро и неговотo опкружување.
– За време на 43-тата сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Владата на Република Северна Македонија ќе го нагласи и афирмира ставот дека e комплетно посветенa на зачувување на статусот на Светско културно наследство на Охридскиот Регион, кој не ѝ припаѓа само на Северна Македонија, туку на целиот свет, соопшти владината прес-служба.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Чернобил, нема опасност од радијација
-

Сиљановска Давкова: Како Европјани, должни сме да се спротивставиме на секој облик на фашизам
-

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето
-

Ѓорѓиевски: Очекуваме понуда, цена и временски рок за поправка на Жичарата на Водно
-

МВР одзема автобус кој превезувал ученици, неколку пати бил во дефект по пат
-

Фатени двајца малолетници од Скопје кои возеле без возачки
-

Средношколец од Прилеп четири години лажно се претставувал како наставник и имал пристап до е-дневникот
-

Во Италија е регистриран прв случај на зависност од вештачка интелигенција
