Владеачката Републиканска партија победи на изборите во Ерменија
Владеачката ерменска Републиканска партија, на претседателот Серж Саркисјан, победи на денешните парламентарни избори со освоени 46 отсто од гласовите на избирачите, покажаа излезните резултати на Болтик Сервејс/Галуп интернешенел, пренесоа француските медиуми.
Опозициската коалиција „Блок Царукјан“ која беше предводена од еден од најбогатите ерменски бизнисмени, Гагик Царукјан, освои 25 отсто од гласовите.
Ова се првите парламентарни избори по оспорената уставна реформа, со која во Ерменија беше воведен парламентарниот систем.
Изборите беа проследени од набљудувачи од Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Тие се важен тест за демократијата во земјата, каде досега опозицијата не дошла на власт со избори, забележуваат француските медиуми.
Излезноста на денешните избори изнесуваше 51 отсто, соопшти Централната изборна комисија.
Вкупно пет партии и четири коалиции се натпреваруваа за 101 мандат во Парламентот.
Ново на Сител
-
Манев: Да видев дека Палчо носи пиштол, немаше да бидам овде
-
Шкупи: Го повлекуваме бројот 77, договорот на Лазаров во целост ќе му биде исплатен на семејството
-
Најштетната храна за бебиња
-
„Ферари" сè попопуларен меѓу купувачите помлади од 40 години
-
Научници од Источна Азија ги усовршуваат киборг-лебарките
-
„Борд панда“: Дубаи е најдосадниот град
-
Совети за правилно чистење на бебешките очи
-
Приведени три лица за кражба во неготинска фирма, меѓу нив малолетник