Владата ветува подобрување на соработката со медиумите низ заеднички дијалог
Владата на Република Македонија со посебно внимание ги прифати и ги анализираше реакциите на претставниците на медиумите што беа предизвикани од настаните за време на подготовките за известување од лидерската средба што се одржа вчера во Клубот на пратениците.
- Водена од врвниот принцип да го почитува и да го овозможува правото на медиумите за непречено, одговорно и професионално известување од настаните од посебен интерес за јавноста и граѓаните, претставниците на Владата на РМ на вчерашниот настан обезбедија услови за работа на новинарите и новинарските екипи, соодветно на стандардите за вакви настани и насоките кои ги има добиено од безбедносните институции, се вели во соопштението од владината прес-служба.
Поведени од начелото дека треба да бидат обезбедени еднакви услови за сите претставници на медиумите без исклучок, како и заради безбедносни проценки направени од професионалните безбедносни служби, од Владата изразуваат жалење што, како што велат, не постоело можност да се направат исклучоци од однапред утврдените и обезбедени услови за работа на сите медиумски екипи.
- Владата изразува жалење за непријатната ситуација до која е дојдено при спроведување на безбедносните насоки и се заложува решенијата да се бараат низ дијалог и соработка, се додава во соопштението.
Од Владата посочуваат дека и натаму остануваат посветени да се применува единствен и еднаков пристап кон сите медиуми кога станува збор за јавни настани од интерес на граѓаните.
- Истовремено, ја препознаваме потребата од постојана комуникација со медиумите и ги охрабруваме нивните претставници редовно да учествуваат на поканите на средби на кои ќе се разговара за сите прашања поврзани со условите за најсоодветно известување за работата на Владата и за настаните кои се од интерес на јавноста и граѓаните, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички