Владата усвои заклучоци поврзани со работењето на ДИК
Во функција на подготовка на изборите на 24 април 2016 година, на вчерашната седница, Владата на Република Македонија за спроведување на изборите усвоила повеќе заклучоци кои произлегле од првата работна координативна средба на Владата и членовите на Државната изборна комисија (ДИК), кои се во насока на организација на фер, кредибилни и демократски избори.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата се обврза на секоја седница, како прва пред точка на дневниот ред, да се разгледуваат отворените прашања поврзани со тековното работење на ДИК во функција на задоволување на нејзините потреби и барања, како и разгледување на конкретни активности што Владата и другите државни органи треба да ги реализираат во функција на непречено одвивање на претстојните избори на пратеници, со оперативни предлог – заклучоци.
Со цел обезбедување на соодветни просторни услови на ДИК, Владата го задолжи Генералниот секретаријат, да обезбеди три простории за потребите на Комисијата, на првиот кат во административната зграда (објект на поранешно НИП Нова Македонија), а истовремено се задолжи и Службата за општи и заеднички работи, да изврши целосно техничко и безбедносно опремување на просториите на ДИК со цел обезбедување на висок степен на безбедносна заштита во овие простории во кои ќе се чуваат сите материјали поврзани со претстојните избори на пратеници во Собранието на Република Македонија.
Како што се наведува во соопштението, со цел обезбедување на поголема функционалност и динамизирање на процесот за утврдување на избирачкиот список, Владата ги задолжи Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Управата за водење на матична евиденција, Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар на Република Македонија, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а и препорача на Народната банка на Република Македонија, да склучат односно потпишат договори и меморандуми за соработка со ДИК, во насока на пренос и мигрирање на податоците од регистрите, базите на податоци со кои располагаат овие институции, во функција на ажурирање на Избирачкиот список.
Владата донесе одлука за отстапување и времено користење на вкупно 50 автомобили кои ќе бидат на располагање на ДИК комисија согласно нејзините потреби, се наведува во соопштението од Владата.
Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи, да ги покрие финансиските трошоци на ДИК кои се поврзани со печатењето и копирањето на документацијата за нејзините потреби. Владата изразува подготвеност за намирување на трошоците за спроведување на теренските активности на ДИК.
Во соопштението се наведува дека Владата и препорачала на ДИК да достави писмен допис до Дирекцијата за заштита на лични податоци, во кое ќе побара појаснување во однос на тоа кои податоци на граѓаните можат да бидат јавно достапни и објавени при законската обврска на ДИК за јавно објавување на Избирачкиот список, согласно одредбите од Изборниот законик, а Дирекцијата за заштита на лични податоци веднаш да одговори на дописот од ДИК.
Истовремено Владата и препорача на ДИК да склучи меморандум за разбирање и соработка со Државниот завод за статистика, во кој ќе бидат уредени и опфатени сите прашања помеѓу овие две институции, за време на траењето на овој период. Исто така и препорача, во најкраток можен рок, до Државниот завод за статистика да достави на увид и мислење Методологијата за водење и ажурирање на Избирачкиот список, а го задолжи Државниот завод за статистика, во најкраток можен рок да достави мислење и одговор до ДИК. Владата го задолжи Државниот завод за статистика, во најкус можен рок, да достави список на лица – анкетари и контролори до ДИК.
Владата и препорача на ДИК, во соработка со Државниот завод за статистика, согласно утврдената Методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список, да извршат обуки на лицата – анкетари и контролори, со цел успешно имплементирање на Методологијата, се наведува во соопштението.
Владата, како што стои, го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со ДИК, во најкус можен рок, да идентификуваат групи на административни службеници кои ќе бидат избрани за членови во општинските изборни комисии и избирачки одбори.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро