Бизнис
9. February 2024 - 16:41

Владата препозна спорни елементи во 2 од 4-те закони за стратешко партнерство во енергетиката

Се повлекуваат два од 4-те договори за стратешко партнерство во енергетиката поради спорни одредби.  Едниот од нив е со грчки Митилинеос, а другиот за изградба на соларна централа во Пехчево. 

Откако ден пред состав на техничката влада  ги донесоа и по брза постапка ги пратија во Собранието, по бурните реакции од експертската јавност,  министрите виделе дека содржат многу штетни елементи. Еден од нив е државната помош од 50 милиони евра, која инвеститорот ја добива со уште многу други поволности.  Ако им се даваат даночни олеснувања , не смее да добиваат и неповратана помош од државата, вели  министерот за економија Бектеши.

Спорно би било за лиценцирање профитабилни инвестиции да се дава директна помош од Владата. Ваквите инвестиции имаат веќе поволности преку договорите за купување на струјата од ЕСМ, што не е спорно што е и државна помош, но спорно е да добиваат уште една директна државна помош.

 Никаде го нема тоа, еден инвеститор кој добил државна помош во смисла на гарантиран откуп на електрична енергија, да добие и директна државна (финансиска) помош, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Сепак, во договорот со Митилинеос за изградба на гасна централа во Железара, Бектеши не гледа спорни елементи во загарантнираниот откуп на скоро цела произведенена електрична и топлинска енергија,  по цени, кои според Здружението на инженери, се тројно повисоки од берзанските.

Не е спорно, затоа што ЕСМ ги прави тие договори, врз основа на потребите за снабдување на универсалниот снабдувач и малите потрошувачи, додаде Бектеши

Неделава Здружението на инженери доставија писмо до секој пратеник поединечнко, со апел да не гласаат за овие договори, од кои милионска добивка ќе имаат само странските инвеститори.

Во договорите, на инвеститорите покрај уредено земјиште со платени комунилии, државата се обврзува да им ги плаќа и сите давачки, и такси, како и даночни ослободувања.

Договорите се исклучени на  25 и  30 години, а по истекот, не е прецизирано дали  електраните ќе им се  отстапат  на државата или ќе си останат во сопственост на инвестоторот.