Владата почна активности за проектот „Трговијата и транспортот на Западен Балкан“
Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за предлог проектот „Трговијата и транспортот на Западен Балкан“ (Western Balkans Trade and Transport) предложен од Светска Банка, како и потребните идни активности за негова имплементација, за чија реализација е надлежно Министерството за транспорт и врски.
Проектот, како што соопшти владината прес-служба, се состои од серија проекти во државите вклучени во него со кои се поддржуваат владините напори за промоција на подлабока економска интеграција во рамки на регионот.
- Со проектот ќе се олесни прекуграничното движење на стоки со усвојување на Национален Единствен Прозорец (National Single Window), и со подобрување на граничните премини во одбрани трговски коридори. Со овие проекти исто така ќе се зголеми ефикасноста и сигурноста на транспортот и ќе се подобри пристапот на пазарот на трговија со услуги и инвестиции, стои во соопштението.
Владата, се додава, била информирана дека за координација и за следење на спроведувањето на проектот, ќе се формира работна група предводена од Министерство за транспорт и врски со претставници и на Министерството за финансии, Царинската управа на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
На оваа, 44-та седница, Владата на РМ го разгледала и Извештајот за процена и утврдување на висината на штетата на недвижниот и движен имот на правните лица на подрачјата на скопскиот и тетовскиот регион од невремето и поплавите во август 2016 година. Извештајот на Комисијата за вршење проценка на штетите на недвижен и движен имот во подрачјата зафатени со силно невреме и поплави во скопскиот и тетовскиот регион во наведениот период е проследен до Министерството за финансии за натамошна постапка.
На денешната седница на Владата на Република Македонија се усвоени повеќе предлог програми за измени и дополнувања на програмите на повеќе министерства, јавни претрпијатија и акционерски друштва во сопственост на државата со цел алокација на финансиски средства во ставки и позиции за кои е остварлива реализацијата на буџетот за 2017 година
Ново на Сител
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП