Владата одобри влез и престој на странски вооружени сили поради учество на воена вежба
Владата на денешната 32. седница ја усвои Информацијата и донесе одлука за одобрување на влез и престој на странски вооружени сили на територија на Република Северна Македонија поради учество на вежбата „Swift Response – 22“.
-Со оваа одлука, Владата ги задолжи надлежните институции да преземат мерки за непречено преминување на државната граница на повеќе од 850 воени и цивилни моторни возила, 8 авиони, 24 хеликоптери, 5 беспилотни летала, вооружување, муниција, опрема и материјално-технички средства на вооружените сили на странските држави, на територијата на Република Северна Македонија, се наведува во владиното соопштение.
Вежбата „Swift Response – 22“ е дел од вежбата „DEFENDER EUROPE 22“, со учество на поголем број припадници на армиите од НАТО Алијансата и Партнерството за мир и ќе се изведува истовремено на пет локации низ Европа.
Ново на Сител
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово